понеделник, 27 април 2026

Светската скијачка федерација му го честиташе изборот на Циговски за претседател на СФМ

Објавено на

часот

Сподели

И во македонското скијање постои поделеност меѓу клубовите, некои од нив му даваат поддршка на Огњан Циговски, а другите на Дејан Пановски.
 
Светската скијачка федерација својата поддршка му ја даде на Огњан Циговски на кој му испрати честитка со надеж за успешна соработка во иднина.
 
„Почитуван претседателе, почитуван г-дин Циговски
 
Ве молиме приметe ги нашите најтопли честитки за вашиот избор за Претседател на Скијачката федерација на Македонија.
 
Искрено се надеваме на продолжување на нашата плодна соработка со вас во иднина, во најдобар интерес за развојот на скијачките спортови. Многу сме среќни што Македонија може да придонесе за ФИС Фамилијата и нејзините активности.
 
Ви посакуваме успех на вашето претседателство и се најдобро во подготовките за престојната сезона“, стои во честитката на Светската скијачка федерација.
 
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ