сабота, 2 мај 2026

Стојаноски со личен рекорд го освои петтото место на СП во пливање за глуви

Објавено на

часот

Сподели

Стојаноски денеска пливаше во дисциплината 100 метри градно. Во финалето делницата ја исплива за 1.05:05 со што за 30 стотинки го подобри своето најдобро време. Личниот рекорд на Андреј беше доволен за петтото место. 
 
Победник беше Русинот Александар Дјатлов кој беше беше побрз од Стојаноски за речиси четири и пол секунди. 
 
Попладнево се пливваа полуфиналните трки, Стојаноски заврши втор во својата група со резултат идентичен на својот дотогаш најдобар, 1.05:35. Во оваа дисциплина учествуваа 18 пливачи.
 
Со глед дека оваа трка не е специјалност на Стојаноски, резултатот е одличен и претставува добра најава за неговите преостанати настапи во Гливице. Утре ќе плива на 200 слободно, в среда, петок и в сабота на 100, 400 и на 200 метри мешано.
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ