Спектакуларен настап на украинскиот боксер Олександер Усик, ја замолкна 67 илијадната публика на стадионот на Тотнем во Лондон и го победи Ентони Џошуа.
Англичанецот ги држеше трите титули, ИБФ, ВБА и ВБО, но ги загуби откако го доживеа вториот пораз во кариерата по оној од Енди Руиз во 2019 годна.

Усик со својот извонреден настап ја разочара англиската публика која очекуваше сигурна победа на Џошуа. Но Украинецот ја искористи својата брзина и агилност, му зададе многу повеќе удари на Џошуа и на крајот заслужено победи.
По крајот на борбата тројцата судии немаа дилеми кој е победникот, нивниот суд беше 117:112, 116:112 и 115:113 по што Олександер Усик беше прогласен за нов шампион.






