петок, 1 мај 2026

Сите нетрпеливо ќе го чекаат стартот во Остин: Верстапен ќе стартува од пол, Хамилтон како втор

Објавено на

часот

Сподели

Сите нетрпеливо ќе го чекаат стартот во Остин, Макс Верстапен и Луис Хамилтон ќе тргнат еден покрај друг и ќе водат битка за тоа кој прв ќе влезе во свиокот број 1. 

Лутите ривали имаа неколку судари оваа сезона, а дека никој нема намера да попушти, покажаа и на синоќешниот слободен тренинг, кога имаше пцовки и покажан среден прст. 

Денеска, Макс Верстапен во својот последен круг постави време од 1:32.910 и го симна Луис Хамилтон од врвот, кој претходно беше на провизорна пол позиција со постигнување од 1:33.119. 

Серхио Перез може дополнително да ја зачини битката, Мексиканецот покажа дека има темпо и ќе стартува како трет. Валтери Ботас имаше четврто најдобро време, но ќе назадува пет места поради промена на моторот, па Шарл Леклер ќе се најде во вториот стартерн ред.

Потоа следуваа Карлос Саинц, Даниел Рикардо, Ландо Норис, Пјер Гасли и Јуки Цунода.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ