понеделник, 4 мај 2026

Се случи чудо, Верстапен во последен круг го помина Хамилтон за прва титула! (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Макс Верстапен се радува на првата титула во Формула 1. Трката во Абу Даби тргна катастрофално за младиот Холанѓанец, беше претекнат на стартот, потоа имаше спорен момент во свиокот број 6, но среќата му се насвмевна на крајот.

Ред Бул бараше чудо и токму тоа се случи кога Латифи се заби во оградата. Луис Хамилтон не можеше да влезе во бокс по свежи гуми поради позицијата на патеката, Макс Верстапен го стори тоа и се чекаше само одлуката на стјуардите за тоа како ќе продолжи трката.

По мала драма откако во прв момент беше одлучено заостанатите болиди да не го претекнат безбедносното возило, за потоа да биде донесена одлука да се исчисти патот помеѓу Луис Хамилтон и Макс Верстапен и двајцата во последниот круг во директен дуел да решаваат за тоа кој ќе биде шампион.

Макс Верстапен со свежи гуми успеа да го претекне Британецот и потоа да се одбрани за победа во Абу Даби и насловот шампион во Формула 1.

Во Мерцедес сигурно ќе бидат бесни на одлуката, Луис Хамилтон со една рака ја имаше титулата но на крајот мораше да се помири со пораз.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ