петок, 1 мај 2026

Ред Бул го надмудри Мерцедес во боксот, Верстапен за прв пат триумфира во САД!

Објавено на

часот

Сподели

Макс Верстапен има 12 бода предност во генералниот пласман откако вечерва беше подобар од Луис Хамилтон во Остин. Холанѓанецот лошо ја започна трката, ја загуби предноста уште во првиот свиок, но Ред Бул со добра стратегија успеа да го врати на чело на колоната.

Со тоа што влезе неколку кругови порано во бокс, Макс Верстапен изби на првото место, додека пак Луис Хамилтон се надеваше дека со посвежи гуми во финишот од трката ќе може да атакува на победа.

Сепак, до нов дуел не дојде, Макс Верстапен умешно ја одржуваше предноста и на крајот мина прв низ целта со 1,3 секунди предност.

Последното место на пиедесталот му припадна на Серхио Перез, кој не можеше да го следи водечките болиди и заостана преку 40 секунди.

Во бодови уште завршија Шарл Леклер, Даниел Рикардо, Валтери Ботас, Карлос Саинц, Ландо Норис, Јуки Цунода и Себастијан Фетел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ