понеделник, 27 април 2026

Ништо од историја, Ѓоковиќ загуби од Медведев во финалето на УС Опен

Објавено на

часот

Сподели

Ако Новак Ѓоковиќ го победеше финалето на УС Опен ќе беше првиот тенисер по Род Лејвер во 1969 година кој успеал да ги освои сите четири грен-слем турнири во една календарска година.
 
Новак со триумф ќе ги поминеше Федерер и Надал по бројот на освоени грен-слем турнири, но тоа не се случи, на патот му застана Данил Медведев.
 
Медведев одигра фантастичен меч, победи со 3-0 во сетови, 6-4, 6-4 и 6-4 и со само еден загубен сет на турнирот го освои својот прв грен-слем трофеј.
 
Ѓоковиќ ќе има други шанси за да ги помине Федерер и Надал по бројот на освоени грен-слем титули, но се чини дека тешко може да дојде до уште една шанса за календарски грен-слем.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ