петок, 22 мај 2026

На Надал не му се допаѓа тоа што Ѓоковиќ невакциниран ќе игра на Австралија опен

Објавено на

часот

Сподели

Ѓоковиќ се пофали дека добил „медицински исклучок“ и ќе може да настапи на Австралија опен.
 
Иако прво беше најавено дека на турнирот ќе настапуваат само вакцинирани тенисери, организаторот реши да си даде за прави на неколку играчи да им додели „медицински исклучок“ и да може да настапат и невакцинирани.
 
Таквиот момент предизвика многу реакции, тенисерка не доби право за настап затоа што беше вакцинирана со руска вакцина, а Ѓоковиќ ќе игра невакциниран, се дел од реакциите.
 
Гласот го крена и ривалот на Ѓоковиќ, Рафаел Надал.
 
„Морам да признаам дека до оваа објава за „медицински исклучок“ мислев дека Ноле или ќе се откаже или ќе се вакцинира. Речиси шест милиони луѓе го загубија животот од овој проклет вирус. Сакам да мислам дека Ѓоковиќ е свесен за тоа и дека ќе ја објасни целата ситуација“, вели Надал.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ