понеделник, 27 април 2026

Многу надмудрување а малку битка, Верстапен победи во Зандворт за дилириум на трибините!

Објавено на

часот

Сподели

По синоќешните квалификации, се очекуваше возбудлива трка но Луис Хамилтон и Мерцедес не успеаја да му парираат на Макс Верстапен. „Сребрената стрела“ се обиде со стратегија и надмудрување да стигне до победа, дури и Валтери Ботас остана подолго на патеката за да го забави ривалот, но на крајот сите обиди беа залудни. 

Макс Верстапен возеше перфектно и стигна до триумф на ГН на Холандија и прво место во генералниот пласман, па имаше огромно славје на трибините. 

Луис Хамилтон мораше да задоволи со второто место и еден дополнителен бод за најбрз круг, додека пак Валтери Ботас со последното место на пиедесталот. 

Во бодови денеска уште завршија Гасли, Леклер, Алонсо, Саинц, Перез, Окон и Норис.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ