Подгорица беше домаќин на Б52 ММА-турнирот во аматерска конкуренција, на кој настапија петмина македонски борци под водство на Ивица Алексовски, а тројца од нив забележаа убедливи победи.
Михајло Поповиќ, во категоријата до 66 килограми (перо) забележа победа со армбар уште во првата рунда, својот противник го потчини и Марко Петровски, во случајов со тријаголник со раце, а предвреме заврши и борбата на Христијан Станоев, со технички нокаут.
Порази претрпеа Александар Петрушевски и Андреј Марков, на поени, во својот дебитантски настап на еден ММА-настап. На турнирот учествуваа борци од Црна Гора, Македонија, Косово и од Албанија, во пет килограмски категории од 66 до 93 килограми, а организатор е „Монтенегро фајтинг чемпионшип“ или МФЦ.
Подолу е видеото со сите борби, меѓу кои и оние на македонските борци.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=W8ah6haLdVY autoplay:0]






