Светскиот рекорд беше во нејзина сопственост, поставен пред еден месец. Таа беше голем фаворит во трката и само прашање беше со кое време ќе ја истрча трката.
Синди Меклахлин истрча со време од 51,46, со што го подобри светскиот рекорд, претходниот изнесуваше 51,90.
Интересно и атлетичарката која го освои второто место, Далила Мухамед истрча со подобро време од претходниот светски рекорд, 51,58.
Бронзениот медал го освои Фенке Бол од Холандија со време од 52,03.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=xstCatNqTzA autoplay:0]






