понеделник, 27 април 2026

Медведев му се обрати на Ѓоковиќ: За мене ти си најдобриот тенисер на сите времиња

Објавено на

часот

Сподели

Се беше подготвено за победа на Ѓоковиќ, а календарски грен-слем и издвојување пред Федерер и Надал по бројот на најважните трофеи. Но, Данил Медведев одигра перфектен меч и победи со 3-0.
 
„Првпат сум вака нервозен додека давам победнички говор. Прво извинете и Новак и публиката што ви ја расипав забавата, знаеме сите за каква историја играше Новак. Сакам само да речам, ова го немам кажано никогаш и никаде досега, но Новак, за мене ти си најдобриот тенисер во историјата“, изјави Медведев по мечот.
 
„Со Новак е секогаш тешко да се игра. Ме прашувавте пред финалето дали имам план во главата, за овој човек треба да имате 15 планови, бидејќи колку пати и да сум победил или изгубил против него досега, секој меч бил различен. За среќа добро ме служеше сервисот денеска. Сакам само да завршам со честитки до мојата сопруга. Денеска е посебен ден за нас, имаме тригодишнина од бракот и си велев, ако не победам во финалето, ќе немам време да купам подарк, но еве го подарокот“.
 
Ова за Медведев беше прв грен-слем турнир.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ