Двајца натпреварувачи на Рено Твинго Куп се најдоа во првите 10 и тоа: Марко Блажевски кој беше седми во генералниот пласман, а се покажа како најдобар во Македонскиот Твинго Куп.
Второто место пак му припадна на победникот за оваа втора сезона – Давид Малинковски, додека пак трет по пласман е младиот Мартин Костовски.

Пласманот на останатите Македонски возачи е по следниот редослед:
Зоран Мираковски е 19, Ангелче Стојковски – 21, Слободан Трајковски 22 и Емил Нацка 23, додека пак Владимир Тренески и Ненад Костовски не влегоа во класификацијата за бодови.
И покрај тоа што победата на брилијантниот Малинковски е сигурна, нѐ очекува уште една финална Твинго Куп трка, закажана за утре во 16:00 часот, а истата може да ја следите во живо на следниот линк:
TWINGO CUP powered by Glaso 2021 – Round 9 – Automotodrom Grobnik – YouTube






