Македонските одбојкари го одиграа најдобриот меч досега, но Шпанија беше и нашиот најслаб противник со кој во директната пресметка се боревме за да ја избегнеме последната позиција.
Првиот сет беше изедначен, двете селекции имаа свои периоди, на крајот Шпанија го доби сетот со 25-23 и поведе со 1-0.
Македонија имаше одличен настап во вториот сет кој го добивме со 25-21 за израмнување на 1-1.
Најголемата возбуда се случуваше во третиот сет, имавме водство од 24-22, но пропуштивме две сет топки, имавме и трета, но не ја искористивме ниту таа. Шпанците го добија сетот со 30-28 и поведоа со 2-1.
Во четвртиот сет тотално се распаднавме, одигравме очајно и го загубивме со 25-15.
Во последното коло, во среда од 16 часот, Македонија ќе игра против Русија.





