Голем успех за македонскиот е-спорт, Македонија е Светски шампион во „Кантер страјк ГО (глобал офенсив)“.
Македонскиот тим составен од Александар Ќулукоски „CacaNito“, Јане Апостолоски „aidKiT“, Дамјан Стоилковски „kyxsan“, Павле Стојановски „stYleEeZ“ и Кристијан Поповски „FODOR“ го совлада тимот на Романија со 16:10 на мапата „Инферно“ и 16-11 на мапата „Мираж“.
На Светското првенство кое се одржа во Еилат, Израел учествуваа 11 тима. Македонија како шампион ја освои наградата од 10.000 долари.






