понеделник, 27 април 2026

Македонија со убедлив пораз од Русија го заврши настапот на Европското првенство

Објавено на

часот

Сподели

Одбојкарите на Македонија не успеаја да го поправат впечатокот откако по поразот од Шпанија се знаеше дека ќе завршиме на последното место во Групата Ц.

Попладнево, популарните „спартанци“ беа убедливо поразени од Русија, избраниците на Николиќ не можеа да се носат со фаворитот и загубија со 3-0 во сетови.

Во првиот сет париравме на почетокот, имавме 8-8 но квалитетот на противникот брзо дојде до израз, па Русија веднаш се одлепи и на крајот го доби сетот со 25-15. Во вториот сет, „зборнајата„ домиираше цело време и го доби со 25-13, додека најголем отпор пруживме во последниот сет, кој противникот го доби со 25-18.

Никола Ѓорѓиев со девет поени беше прво име во нашиот тим.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ