Македонските одбојкари денеска го почнаа настапот на Европското првенство, нашите натпревари ги играме во Тампере, Финска, а првиот меч го игравме против домаќинот.
Финска одлично го почна мечот, првиот сет го доби со 25-20, а во вториот беше уште поубедливива, го загубивме сетот со 25-15.
Но кога противникот мислеше дека лесно ќе не докрајчи, Македонија конечно заигра како што треба и го доби третиот сет со 26-24. Се вративме во игра.
Во четвртиот период и двете селекции имаа осцилации во играта, помалку такви падови имаше Финска, го доби сетот со 25-22 и победи со 3-1.
Следниот натпревар на Македонија е во петок со почеток од 19 часот против селекцијата на Холандија.






