недела, 12 јули 2026

„Јас сум во кафезот девет години, а тие ме прашуваат за Ѓоковиќ“

Објавено на

часот

Сподели

Еден од тие имигранти е Мехди Али кој веќе девет години е во хотелот каде што е и Новак Ѓоковиќ. Тој открива дека новинари го контактираат за српскиот тенисер, но никој не се интересира за нивната судбина.
 
„Тажно е дека толку многу новинари ме контактираа вчера да ме прашаат за Ѓоковиќ. Јас сум во кафезов девет години, денеска полнам 24, и се што сакате вие е да зборувам за тоа. Преправајќи се дека се загрижени ме прашуваат како сум, и веднаш потоа ми поставуваат прашања за Ѓоковиќ“, вели Мехди Али.
Тој како 15-годишник од Иран пребегал во Австралија, бил жртва на прогон на арапското малцинство во Ахвази. Австралиските власти го запреле бродот со мигранти и патниците ги однеле во фабрика на Божиќните острови, австралиска територија која се наоаѓа блиску до брегот на Индонезија. По 90 дена поминати таму бил пренесен во имиграциски логор на островот Науру. А во 2019 година бил префрлен во Мелбурн во хотелот каде што е сега.
 
Австралиски државјани го искористија публицитетот на Ѓоковиќ за да побараат ослободување на имигрантите. Тие со пароли посочија кои се вистинските жртви на австралиската власт.
 
 
 
Мехди е само една од тие судбини, тој е тажен затоа што животот му поминувам таму, а вели дека никогаш не бил криминалец, ниту го прекршил законот.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ