вторник, 28 април 2026

Хамилтон со нов рекорд на патеката во Истанбул, Ботас ќе стартува од пол

Објавено на

часот

Сподели

Квалификациите за ГН на Турција донесоа доминација на Мерцедес, Луис Хамилтон беше најбрз и со време од 1:22.868 постави нов рекорд на патеката во Истанбул. Сепак, Британецот го чека казна од 10 позиции поради менување на моторот, па утре тој ќе стартува од средината.

Пол позицијата му припадна на Валтери Ботас, кој денеска имаше второ најдобро време и круг од 1:22.998. Друштво во првиот ред ќе му прави Макс Верстапен, кој не можеше да парира на „сребрената стрела“.

Шарл Леклер беше најдобар од останатите, а потоа следуваа Пјер Гасли, Фернандо Алонсо, Серхио Перез, Ландо Норис, Ленс Строл и Јуки Цунода.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ