Луис Хамилтон доминираше во квалификациите, беше недостижен за ривалите и со речиси половина секунда предност ситгна до пол-позиција на утрешната спринт трка во Бразил.
Сепак, неговата радост може да се претвори во разочарување. Британецот е под истрага и треба да се појави пред стјуардите, откако техничкиот делегат најде неправилности при ДРС системот на неговиот Мерцедес.
Луис Хамилтон сега може да добие сериозна казна и утре да стартува од последното место или од боксот.






