Луис Хамилтон доминираше на првиот слободен тренинг и во квалификациите во Интерлагос. Британецот беше недостижен за ривалите и утре ќе стартува од пол во спринт трката, друштво во првиот ред ќе му прави конкурентот за титулата, Макс Верстапен.
Но актуелниот шампион ќе има мал пех за главната трка во недела, ќе биде казнет за промена на моторот и ќе назадува пет места.
Мерцедес сака Луис Хамилтон во финишот од сезоната да атакува со нов мотор, ГН на Бразил овозможува претекнувања, па „сребрената стрела“ верува дека промена на моторот овој викенд ќе помине со најмалку штета.
? Q3 CLASSIFICATION ?
A solid session for @LewisHamilton ?#BrazilGP ?? #F1 pic.twitter.com/tjcphP00Y9
— Formula 1 (@F1) November 12, 2021






