понеделник, 27 април 2026

Хамилтон ќе добие нов тимски колега, Ботас се сели во Алфа Ромео

Објавено на

часот

Сподели

По пет години во „сребрената стрела“, Валтери Ботас започнува нов предизвик, се сели во Алфа Ромео. Финецот ќе го замени својот сонародник Кими Раиконен, кој неодамна објави дека става крај на кариерата.

„Се отвара ново поглавје во мојата кариера, возбуден сум што од 2022 година ќе бидам член на Алфа Ромео, ме чека нов предизвик“ – кажа Валтери Ботас.

Во болидот на Мерцедес, Валтери Ботас забележа 9 победи, 17 пол-позиции и 63 подиуми.

Се очекува тимски колега на Луис Хамилтон следната година да биде младиот Џорџ Расел од Вилијамс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ