Хамилтон ја слави јубилејната 100. победа во кариерата, искуството ја победи младоста во Сочи, Норис беше блиску до триумф но на крајот заврши на седмото место.
Норис стартуваше од првата позиција, Хамилтон почна четврти и на почетокот го загуби и тоа место. Во финишот трката се претвори во битка меѓу Норис и Хамилтон за првото место.
Норис беше прв со една до две секунди предност пред Хамилтон кога почна да врне, имаше уште девет трка до крајот. Дождот засилуваше, Хамилтон отиде во боксот, на три круга до крајот му се јавија и од тимот на Норис за и тој да ги промени гумите, но младиот возач ги одби велејќи им да замолкнат.
Норис мислеше дека ќе успее да ја заврши трката со тие гуми, но неговиот болид почна да се лизга и не беше можно да се контролира, полека ги губеше позициите, на крајот мораше да влезе во боксот за да ја заврши трката. Можеше да победи или во најлош случај да заврши втор, но тој не ја почитуваше одлуката на тимот и на крајот погреши.
Хамилтон дојде до 100. победа во кариерата и испиша историја.
Одлично возење имаше и Макс Верстапен кој стартуваше последен но на крајот заврши на второто место, на подиумот се најде и Саинц од Ферари.
Во топ десет завршија и Рикардо, Ботас, Алонсо, Норис, Раиконен, Перез и Расел.
Хамилтон го презема водството и во генералниот пласман, сега е прв со 246,5 бодови, Верстапен има 244,5, трет е Ботас со 151 бод.
Кај тимовите прв е Мерцедес со 397,5 поени, Ред Бул има 364,5, трет е Мекларен со 234.






