недела, 12 јули 2026

Грешката што ја направи Ѓоковиќ

Објавено на

часот

Сподели

Новак Ѓоковиќ изминативе денови е во фокусот на спортската јавност откако не му беше дозволен влез во Австралија. Србинот во моментов е во имиграциски притвор и го чека судското рочиште в понеделник за жалбата што ја поднесоа неговите адвокати.

И додека се чека разврска, српскиот весник Блиц прави анализа и вели дека Новак Ѓоковиќ сега ќе тренирал и ќе се подготвувал за Австралија опен наместо да седи во озлогласениот „Хотел парк“ во Мелбурн доколку не направел една грешка, односно доколку не објавел на социјалните мрежи дека добил медицинско изземање.

Со овој потег, Новак Ѓоковиќ го навлече гневот на многу жители на Австралија кои изминатиов период мораа да се придржуваат до строги мерки и карантини, а медиумите почнаа кампања и пишуваа дека законите и правилата не важат за богатите и славните. Сето ова прерасна во „политичка бура“ и на крајот политиката замеша прсти, со оглед на тоа дека наскоро ќе има избори.

Новак Ѓоковиќ не е единствениот тенисер што добил медицинско изземање од страна на организаторите на Австралија опен, но тој е единствениот што јавно го соопшти ова и тука почнаа проблемите. Како што пренесуваат медиумите, барем тројца тенисери веќе влегле во Австралија со истата документација.

Тие не се соочија со истиот третман што го доби Новак Ѓоковиќ, но сега и тие се под истрага.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ