Лина Ѓорческа денеска настапи најпрво во полуфиналето во сингл конкуренција каде играше против Аавенесјан од Русија.
Ѓорческа го загуби првиот сет со 2-6, но со иста мера се реваншираше во вториот и израмни на 1-1. Решавачкиот сет го доби руската тенисерка со 6-3 и таа се пласира во финалето.
Во финалето во двојки Ѓорческа со својата партнерка Лукас загубија од Вилда Хенеман од Шведска и Јеонво Ку од Јужна Кореја.
Ѓорческа и Лукас имаа водство од 5-0 и сервис, а тогаш нивните противнички почнаа серија која траеше 12 гејма. Го добија првиот сет со 7-5, во вториот водеа со 5-0 и дури тогаш нашата тенисерка и нејзината партнерка освоија нов гејм, но го загубија сетот со 6-1.






