петок, 1 мај 2026

Ѓорческа е одлична во Севиља, обезбеди полуфинале во сингл и финале во двојки

Објавено на

часот

Сподели

Ѓорческа во денешното четвртфинале во сингл ја победи четвртата носителка Шиникова од Бугарија.
 
Бугарката го доби првиот сет со 6-4, но следните два ѝ припаднаа на македонската тенисерка со идентични 6-3.
 
Во полуфиналето Ѓорческа ќе игра со руската тенисерка Елина Аванесијан која е на 305 место на ВТА листата.
 
Ѓорческа со својата партнерка Лукас без игра се пласираа во финалето на турнирот во двојки откако нивните противнички Хобгарски и Шиникова се откажаа.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ