Откако му истече мандатот на Александар Маленко, клубовите свикаа изборно собрание на кое го изгласаа Горан Стојановски за нов претседател.
„По покренување на иницијатива од клубовите членки на Пливачката федерација на Северна Македонија за свикување на изборно собрание за промена на претседател на Федерацијата,иницијаторите на изборното собрание одржано на 16.12.2021 за нов Претседател на Националната пливачка федерација го избраа, Горан Стојановски.
Горан Стојановски досега беше член на Управниот одбор на Федерацијата и беше дел од сите поголеми организациски проекти во пливањето.
Му посакуваме плодна и успешна работа“, стои во соопштението на Националната пливачка федерација.







