Новак Ѓоковиќ цели кон освојување на сите грен слем турнири оваа година, за тоа да го направи му недостасува само уште трофејот на УС Опен.
Синоќа Ѓоковиќ убедливо го почна настапот иако загугби еден сет од Данецот, Руне.
Србинот првиот сет го доби со 6-1, а потоа загуби во тајбрејк 6-7 (5-7), следните два ги доби лесно со 6-2 и 6-1.
Во следното коло Ѓоковиќ ќе игра против Холанѓанецот, Талон Гриекспур кој направи изненадување откако со 3-2 го победи Штруф.






