За Ѓоковиќ синоќешното финале беше еден од најзначајните мечеви во кариерата, но не успеа да го победи Медведев кој се покажа во фантастично издание.
На Ѓоковќ му беше тешко по поразот, плачеше, не зборуваше многу, а и задолжителниот говор му беше краток.
„Честитки за Медведев, никој повеќе од него не го заслужи трофејот. Не испишав историја, но си заминувам среќен. Срцето ми е полно поради поддршката од трибините. Ме направивте најсреќен човек на светот”, изјави Ѓоковиќ.






