Судбината на Ѓоковиќ ќе се дознае во понеделник, а во меѓувреме излегоа шпекулации дека доколку тој си замине пред тој ден, ќе добие тригодишна забрана за влез во Австралија.
Но, министерката на Австралија за внатрешни работи, Карен Ендрујз ги негира таквите информации. Вели дека Ѓоковиќ и покрај тоа што е во мигрантски хотел, тој може да си замине кога сака, а тие ќе му помогнат во тоа.
„Ѓоковиќ не е затворен во Австралија. Тој може да си замине во било кој момент, а граничните службеници ќе му помогнат во тоа“, изјави Ендрјуз во разговор за „Еј-Би-Си“.
Дури 26 тенисери имаат добиено медицинско изземање како и Новак Ѓоковиќ, дел од нив се влезени во Австралија. Министерката тврди дека ќе бидат проверени и тие.





