По неколку часа објаснување со австралиските власти на аеродромот во Мелбурн, Ѓоковиќ добил конечен одговор. Австралија официјално му врачила писмен одговор во кој тој е одбиен за влез во земјата.
Ѓоковиќ доби медицинско изземање од страна на организаторот на Австралија опен, според кое може да игра и невакциниран.
Но Србинот пред австралиските власти не успеал да поткрепи со докази дека има основа да добие такво медицинско изземање за да не се вакцинира, па ќе мора да се врати дома.
Австралиските медиуми пишуваат дека адвокатите на Ѓоковиќ ќе поднесат жалба на оваа одлука.
Австралија не дозволува влез на невакцинирани лица освен ако тие немаат медицинско изземање со кое потврдуваат дека не смеат да примат вакцина од здравствени причини.





