петок, 22 мај 2026

Ѓоковиќ може да биде вратен со првиот авион од Австралија

Објавено на

часот

Сподели

Многу врева предизвика повластената дозвола што ја доби Новак Ѓоковиќ да игра на Австралија опен без да биде вакциниран.
 
Организаторот на големиот турнир реши да направи исклучок по слободна процена, па на Ѓоковиќ му беше доделена посебна дозвола да игра невакциниран.
 
Ѓоковиќ синоќа преку социјалните мрежи се пофали дека ќе игра на Австралија опен без да биде вакциниран, а тоа предизвика бура од реакции.
 
Премиерот на Австралија, Скот Морисон, дури рече дека Ѓоковиќ може да биде и вратен уште на Аеродром поради тоа што во земјата може да влегуваат само вакцинирани лица или лица кои имаат документ дека од одредени здравствени причини не смеат да се вакцинираат.
 
„Секој што сака да влезе во Австралија мора да ги исполнува нашите барања. Новак Ѓоковиќ кога ќе пристигне во Австралија, ако не е вакциниран, ќе мора да покаже документ дека не смее да се вакцинира од медицински причини. Ако неговиот доказ не е доволен, уште со следниот лет ќе биде пратен дома. Не смееме да има посебни мерки за Новак Ѓоковиќ, ниту за кој било друг човек“, изјави премиерот Морисон.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ