Главниот спортски уредник на „Телеграф“, Оливер Браун вели дека до него стигнала информација дека Новак Ѓоковиќ ќе биде вратен од Австралија.
Србинот со часови се објаснуваше со австралиските власти, но тие се децидни дека нема да ги прекршат правилата за било кој, па и тоа да е Новак Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ имал погрешно барање за виза, но проблем е и неговото неубедливо објаснување зошто не е вакциниран.
Во текот на целата пандемија Австралија има воведено многу строги правила, па властите во оваа земја не сакаат да го навлечат гневот на граѓаните доколку го пуштат Новак да влезе надвор од предвидените правила.
„Се поголема е шансата дека Ѓоковиќ со следниот лет ќе се врати дома. Се вмешаа и амбасадите на Србија и Австралија. Него и понатаму пред аеродромот го чека автомобил кој треба да го однесе на Австралија опен“, пишува Оливер Браун.
Оваа вест на „Телеграф“ е неофицијална, па не се исклучува ниту можност за пресврт во ситуацијата.





