недела, 3 мај 2026

Ѓоковиќ фуриозно, со само три загубени гејма го победи Нори

Објавено на

часот

Сподели

Со три победи од три меча, Ѓоковиќ како првопласиран оди во полуфиналето на завршниот турнир во Торино.
 
Денеска негова жртва беше Камерун Нори кој успеа да освои само три гејма. Ѓоковиќ првиот сет го доби со 6-2, вториот со 6-1.
 
Втор од оваа група кој оди во полуфиналето е Каспер Руд кој денеска со 2-1 во сетови го совлада Рублев и го освои второто место.
 
Во полуфиналето Ѓоковиќ ќе игра со Зверев, а Руд со Медведев.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ