Организаторот на Австралија опен му даде дозвола на Ѓоковиќ за настап на тенискиот турнир и тоа покрена многу реакции.
Ѓоковиќ денеска пристигна во Мелбург, но остана на аеродромот, нема зелено светло за влез од сојузната држава Викторија, бидејќи имал погрешна виза.
Сега се чека Ѓоковиќ да поднесе ново барање за влез во земјата и формално да го реши проблемот, но неизвесно е дали тоа ќе се случи.
За експресен влез во Австралија потребно е Ѓоковиќ да е вакциниран или да има медицински доказ зошто не би можел да се вакцинира.
Претходно премиерот на Австралија, Скот Морисон се закани дека нема да направат никаков исклучок за Ѓоковиќ и тој може да биде вратен од аеродромот.
„Секој што сака да влезе во Австралија мора да ги исполнува нашите барања. Новак Ѓоковиќ кога ќе пристигне во Австралија, ако не е вакциниран, ќе мора да покаже документ дека не смее да се вакцинира од медицински причини. Ако неговиот доказ не е доволен, уште со следниот лет ќе биде пратен дома. Не смееме да има посебни мерки за Новак Ѓоковиќ, ниту за кој било друг човек“, изјави премиерот Морисон.





