понеделник, 13 јули 2026

Ѓоковиќ ѝ направи проблем на тенисерка од Чешка, и таа заврши во имиграциски притвор

Објавено на

часот

Сподели

Новак Ѓоковиќ е во имиграциски притвор откако властите во Австралија не му одобрија влез со документацијата која ја има за медицинско иземање. Со оглед на тоа што неколку тенисери веќе влегоа во Австралија со истата документација, властите почнаа подетално да ги разгледуваат нивните апликации.

Последните информации велат дека прва настрадала Рената Ворачова, која веќе настапила на турнир во Мелбурн.

Таа во четвртокот била притворена и пренесена во истиот хотел каде што е сместен Новак Ѓоковиќ.

Се говори дека нејзиниот основ за медицинско изземање е тоа што прележала ковид-19 во претходните шест месеци. Останува да се види дали и таа ќе поднесе жалба до суд или пак ќе ги спакува куферите и ќе си замине.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ