Драма пред почетокот на трката во Катар, стјуардите го казнија Макс Верстапен. Холанѓанецот наместо да стартува во првиот ред покрај ривалот за титулата, Луис Хамилтон, ќе назадува пет места.
Лидерот во генералниот пласман е казнет поради тоа што не забавил на соодветен начин во квалификациите кога на патеката имало истакнатно двојни жолти знамиња.
Казна доби и Валтери Ботас, кој ќе назадува три места бидеќи не забавил под жолто знаменце.
ФИА објави како изгледа новиот стартер рен, Луис Хамилтон е прв а друштво ќе му прави Пјер Гасли.
Фернандо Алонсо ќе стартува како трет, а покрај него ќе биде Ландо Норис. Потоа следуваат Саинц, Ботас, Верстапен, Цунода, Окон и Фетел.
Ова отвара можност за возбудливи први кругови, Варастепен и Ботас ќе треба да надополнуваат, а Хамилтон ќе треба да се одбрани од конкурентите со оглед на тоа дека Гасли, Алонсо и Норис ќе имаат помеки гуми од него и би требало да бидат побрзи на стартот.
UPDATED STARTING GRID, QATAR ?#QatarGP ?? #F1 pic.twitter.com/txEGX57GvF
— Formula 1 (@F1) November 21, 2021






