Дарио Ивановски го заврши маратонот со време од 02:21,27, второто место во машка конкуренција го освои Младен Стевановќ од Босна и Херцеговина, а трет беше Давид Перлич од Германија.
Во женска конкуренција целта прва ја мина Андријана Поп Арсова, таа постави нов рекорд, 02:40,36, втора беше Силвија Јукаила од Еквадор, а третото место и припадна на Билјана Кираџиева.
На машкиот полумаратон победи Ценков од Бугарија со време од 01:09,10, кај девојките прва беше Милјана Ристиќ со време 01:26,09.






