Блажевиќ од одамна се бори со рак, на двапати успеаа да ја победи болеста, но таа повторно му се вратила, големиот стратег веќе не е оптимист.
Новинарите на словенечкиот „СпортКлуб“ му се јавила за да го слушнат неговото мислење за мечот меѓу Хрватска и Словенија, а тој тогаш им ја соопштил лошата вест.
„Драги мои Словенци, нашата љубов е безгранична, вие ме сакате мене, јас ве сакам вас, но морам да ви кажам една тажна вест, јас сум многу болен“, им изјавил Чиро Блажевиќ.
„Покрај тоа што сум стар, имам 86 години. Ако наскоро не дојдам, а веројатно нема, сакам да ја искористам оваа прилика да ја искажам мојата љубов кон вас и да ги поздравам сите пријатели во Словоенија. За жал морам да кажам една католичка работа, збогум. Збогум мили мои Словенци. Песимист сум“.






