недела, 12 јули 2026

Чешка упати протестна нота за укинување на визата на нивната тенисерка

Објавено на

часот

Сподели

Чешката тенисерка Рената Ворачова од крајот на декември беше влезена во Австралија, но по ситуацијата со Новак Ѓоковиќ, австралиските власти решија да и ја укинат визата и неа да ја вратат дома.
 
Таа беше префрлена во истиот хотел за имигранти каде е сместен и Новак Ѓоковиќ. Ворачова нема да се жали на одлуката, па уште денеска се очекува да биде испратена во Чешка.
 
„Рената Ворачова е во исто хотел со Ѓоковиќ и заедно со уште неколку тенисери во Мелбурн. Според нашите информации, таа докажала дека не е заразна и на тој начин добила право да учествува на Австралија опен. Затоа испративме протесна нота преку амбасадата во Канбера и бараме објаснување“, изјави Анета Коварзова од прес центрот на Министерството за надворешни работи на Чешка.
 
Таа неодамна прележала ковид-19 и во себе има доволно антитела. По совет на докторот решила да почека за вакцинација неколку месеци.
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ