Спринт трката во Монца заврши со победа на Валтери Ботас, Финецот беше на чело на колото на од прв до последен круг. Но неговиот тимски колега немаше толку добар настап, Луис Хамилтон лошо стартуваше, изгуби неколку позиции, заглави зад Ландо Норис и заврши како пети.
Ваквиот развој на настаните му оди во прилог на Макс Верстапен, кој ја заголеми предноста во генералниот пласман за додатни два бода откако денеска финишираше како втор, плус утре ќе стартува како прв поради казната на Валтери Ботас.
Последниот бод денеска му припадна на Даниел Рикардо, кој утре ќе стартува во првиот ред покрај Маск Верстапен.






