понеделник, 1 јуни 2026

Преименувал блутут уред и предизвикал паника во авионот: Патниците итно евакуирани

Летот од Њуарк до Шпанија беше неочекувано прекинат, а авионот мораше да се врати на аеродромот за полетување во САД.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Инцидентот се случил во саботата, а патниците биле изненадени откако им било кажано дека мора да го напуштат авионот за време на безбедносната проверка.

Авионот на „Јунајтед ерлајнс“ со 190 патници и 12 членови на екипажот полетал од Њуарк околу 18 часот, но се вратил на истиот аеродром околу 21:30 часот.

Патниците претходно беа информирани да ги исклучат сите електронски уреди додека екипажот се обидуваше да ја разјасни ситуацијата, пренесува Дејли меил.

Странските медиуми објавуваат дека инцидентот е предизвикан од безопасен уред што го користел тинејџер во авионот – популарниот „паметен“ часовник Фитбит, поточно неговото „име“ на мрежата.

Една од патничките, Џордан Мур, ја опиша ситуацијата на Тикток: „Сè беше откриено по полетувањето и екипажот веднаш беше известен. И покрај повеќекратните барања за исклучување на блутут на сите уреди, овој останал активен.“

Потоа додаде: „Персоналот нè увери дека станува збор за безопасна шега, но дека мора да ги преземат сите соодветни мерки на претпазливост. Кој, по ѓаволите, ја нарекува својата блутут мрежа БОМБА, каква болна шега е ова.“

По откривањето и предупредувањето на екипажот, донесена е одлука за прекинување на летот. Патниците биле симнати од авионот, додека полицијата со кучиња го претресувала авионот.

Нов екипаж го презеде авионот, кој полета за Палма де Мајорка во раните утрински часови. Иако тинејџерот што го предизвика инцидентот не е обвинет, ФБИ започна истрага, според медиумите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ