Како што соопштија од АНБ, на средбата се дискутирало за повеќе теми од заеднички интерес, со посебен акцент на тековните процеси на модернизација и дигитализација на АНБ, кои се спроведуваат во согласност со НАТО стандардите. Разговорите биле и во насока на потребата од адаптација на националните безбедносни капацитети кон новите глобални предизвици, особено во контекст на брзиот технолошки развој и искуствата од актуелните безбедносни кризи.
Двете страни ја потврдиле својата определба за продлабочување на соработката и координацијата, со цел унапредување на заедничките капацитети и зголемување на оперативната подготвеност. Како што беше истакнато, единството на Алијансата претставува нејзино најсилно оружје, а стабилна и силна Алијанса е гаранција за безбедноста и стабилноста на сите нејзини членки.






