среда, 17 јуни 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Исплатени над две милијарди денари на повеќе од 15.000 тутунопроизводители

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ исплати над две милијарди денари на 15.144 тутунопроизводители за произведен и продаден тутун од реколтата во 2025 година, соопшти партијата.

Објавено на

часот

Сподели

Според ВМРО-ДПМНЕ, реализирана е рекордна исплата во износ од 2.028.714.243 денари, што претставува една од најголемите исплати досега и директно придонесува за подобрување на ликвидноста на земјоделските стопанства и зајакнување на руралната економија.

Од партијата оценуваат дека исплатата претставува потврда дека трудот и посветеноста на тутунопроизводителите се вреднуваат и почитуваат.

Во соопштението се наведува дека Владата за две години исплатила околу 15 милијарди денари субвенции за земјоделците, што, според ВМРО-ДПМНЕ, е за една милијарда денари повеќе отколку што СДС и ДУИ исплатиле за три години.

Од партијата посочуваат дека тутунопроизводството е една од најзначајните и стратешки земјоделски гранки во државата, од која егзистираат илјадници семејства, а македонскиот тутун со децении е препознатлив по својот квалитет и претставува значаен извозен производ.

ВМРО-ДПМНЕ наведува дека субвенциите денес се исплаќаат навремено и одговорно и дека Владата ќе продолжи со инвестиции, мерки и програми насочени кон развој на земјоделството, повисоки приходи за производителите и сигурна иднина за земјоделците.

Од партијата порачаа дека поддршката за тутунарите продолжува и дека земјоделството останува еден од највисоките приоритети на Владата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ