петок, 19 јуни 2026

Влен: „Уан стоп шоп“ со Албанија е важен чекор за побрз проток на граѓани и регионална интеграција

Одлуката за ставање во функција на системот „Уан стоп шоп“ на границата со Албанија претставува важен чекор кон модернизација на граничното управување и практично приближување на граѓаните на двете земји, соопшти Влен.

Објавено на

часот

Сподели

Од коалицијата оценуваат дека овој модел претставува нов пристап во кој границата не се гледа како пречка, туку како точка на поврзување, каде административните процедури се заменуваат со институционална координација и побрза динамика на движење.

Според Влен, системот носи реални придобивки за граѓаните, пред сè преку намалување на сезонските гужви, особено во летните месеци кога значително се зголемува сообраќајот меѓу Македонија и Албанија.

Од коалицијата посочуваат дека, покрај техничкиот аспект, воведувањето на „Уан стоп шоп“ претставува и јасен политички сигнал за продлабочување на регионалната соработка и зајакнување на економските, туристичките и семејните врски меѓу двете држави.

Побрзото движење на луѓето, наведуваат од Влен, значи и поголема размена, повеќе трговија и нови можности за развој на локалните бизниси од двете страни на границата.

Во соопштението се додава дека овој модел е дел од поширок регионален пристап кој веќе се имплементира и на границите со Косово и Србија, со цел воспоставување унифициран стандард за олеснување на движењето и зголемување на граничната ефикасност.

Од Влен оценуваат дека ваквиот чекор треба да послужи како пример за понатамошно унапредување на практичната регионална интеграција, во духот на европските стандарди за слободно движење.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ