„Вчера Одделението за криминалистички работи – Центар и Бит Пазар поднесе кривична пријава по итна постапка против И.Д.С. (44) од Скопје, поради сомневање дека го сторил наведеното кривично дело. Во текот на истрагата беа обезбедени материјални докази, меѓу кои и снимки од видео надзор од повеќе локации, како и облеката што осомничениот ја носел во моментот на извршување на делото. Во полициска станица, осомничениот го признал извршувањето на кривичното дело“, соопшти МВР.
МВР поднесе кривична пријава за опожарувањето на дипломатските возила во Скопје
По инцидентот на 15 јуни кога беа опожарени две дипломатски возила во сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје, СВР Скопје во целост го расчисти случајот и поднесе кривична пријава за предизвикување општа опасност.

Објавено на
часот





