среда, 1 јули 2026

УХМР најавува невреме за утре и во петок

Утре и во петок времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, со повремени врнежи од дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Објавено на

часот

Сподели

Според прогнозата, локално се очекуваат поинтензивни атмосферски процеси во форма на невреме, проследени со пороен дожд со количина поголема од 15 литри на квадратен метар, електрични празнења, силен ветер со брзина над 60 километри на час и појава на град.

По завршувањето на нестабилниот период следува стабилно и сончево време. Во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ