четврток, 18 јуни 2026

Пропадна тротоарот во градилиште во центарот на Скопје

Во дупката на градилиштето на булеварот „Теодосиј Гологанов“, во близина на Католичката црква во Скопје пропадна тротоарот, а една бандера падна врз патничко возило. Се излизга земјиштето и од страната на улицата „Христо Смирненски“.

Објавено на

часот

Сподели

Земјата се срушила околу пладне додека багер работел во внатрешноста на ископот, при што пропаднал тротоарот од улицата покрај градилиштето, велат жителите од околните згради.

Багерот бил затрупан, но нема повредени лица. За овој инцидент известени се Центарот за управување со кризи, ЕВН и други институции. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.

На градилиштето се работело и денес, на државен празник. Оштетени се и кабли за струја и телекомуникации.

Жителите од околните згради велат дека уште од почетокот предупредувале на небезбедното копање и недостигот од соодветна заштита.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ