„Овие пари кои ги собира Заев одат во буџетот, а од таму се трошат за тендери, за набавки каде често се плаќа и двојно за одредена услуга или ствар, и така се краде народот два пати.
Доколку не беа сите овие покачување на горивата, стопанството и земјоделието ќе имаа поконкурентни производи, а граѓаните ќе имаа повеќе пари.
Заев не го интересира доброто на сите, тој само гледа како да го наполни буџетот, затоа тој троши, а народот преку поскапи горива плаќа. Време е да запре расипништвото. Време е за Македонија за сите луѓе“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.






