петок, 22 мај 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Заев е нервозен и шири говор на омраза

Објавено на

часот

Сподели

„Нема место каде што Заев не ветуваше водоводи и канализации, и повторно за истите места Заев пак ветува водоводи и канализации. 4 години ништо не направиле малите зоранчиња, негови градоначалници. Заев гледа дека дебело ќе загуби и затоа е нервозен. Затoа Заев навредува и шири говор на омраза. Заев нема решение за ниту еден проблем, затоа што тој е проблемот.

Заев 4 години ги лаже земјоделците, лозарите, јаболкарите, овоштарите, оризарите сите мака мачат со продажба на произведеното. Цените кои им се нудат не се доволно ниту трошокот да го покријат, а не пак да им остане нешто за егзистенција.

Народот пати. Половина милион луѓе се на раб на егзистенција со по 150 денари на ден, а Заев вози БМВ од 100.000 евра. Тоа е болната реалност. Со Заев не може напред. Тој е заглавен во минатото се бори со замислени противници, со него Македонија ќе тапка во место. Потребни се промени. А тие промени ги предводи ВМРО-ДПМНЕ и на 17 октомври ќе дојдат. Време е да создадеме нова иднина“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ